Откако ѝ починал синот, таа ги продала сите негови работи: Она што ја чекало пред врата 7 дена подоцна ја уништило
Страшната трагедија што ја доживеала Валери ја натерала на
очајнички потег, но има добри луѓе насекаде околу нас, а она што го направил
потполен странец за оваа млада жена е бесценето.
По 9 месеци бременост, неколку дена пред терминот, Валери за жал ја добила трагичната вест дека нејзиното бебе е веќе мртво. Оваа млада жена била скршена. Она што ја влошило ситуацијата е тоа што останала со празна детска соба, полна со играчки и детски алишта. И требало малку време, но конечно решила да го продаде креветчето од собата. Таа не била подготвена за она што следувало откако ќе продаде обично креветче за бебиња. Сега оваа прекрасна приказна се шири низ целиот интернет.
- Знаев цела недела. Не се движеше многу. Бев многу нервозна - изјавила Валери за неделата кога дознала дека нејзиниот син е веќе мртов. По трауматичното искуство, таа не можела да пристапи до работите што му ги подготвила на синот, а камоли да ги продаде. Работите стоеле во собата една година... Меѓутоа, по некое време таа решила да ги продаде сите работи на распродажба во дворот. Тоа било многу тешка одлука, но успеала да се натера да ги продаде работите - дури и креветчето за кое очигледно најмногу се приврзала. Мислела дека тоа ќе биде последното нешто што некој ќе го купи од распродажбата.
На нејзино изненадување, еден постар човек по име Џералд многу брзо го купил креветчето. Џералд поправал стар мебел во слободно време и мислел дека може добро да го искористи креветчето. Како што изјавил тој, Валери многу се двоумела и му се чинело дека таа воопшто не сака да го продаде креветчето. Но, благодарение на неговата упорност, попуштила. Џералд не ја знаел причината зошто Валери продава детски работи и мислел дека нејзиното дете едноставно ги надминало сите овие работи. За негова среќа, неговата сопруга претходно разговарала со Валери и ја прашала за причината за продажбата, а таа ѝ објаснила дека нејзиниот син починал пред да се роди. По враќањето дома, сопругата на Џералд му ја раскажала целата приказна и сфатиле дека креветчето навистина многу ѝ значи на оваа жена.
Решиле да го вратат креветчето назад. Но, Џералд сфатил и дека едноставно не може да го врати креветчето, па решил да го претвори во клупа која ќе биде спомен за починатиот син на Валери. Седум дена подоцна, Џералд застанал кај Валери со прекрасен подарок. Неискористеното креветче е претворено во прекрасна клупа, каде што може да седи и да се присетува на својот син. Валери останала во солзи откако видела што направил за неа потполен странец.
- Навистина е прекрасно, а ова е доказ дека има добри луѓе во светот - изјавила Валери.