Откако ја видов сликата од првиот ултразвук, му реков на гинекологот „Ќе абортирам“: Ме убедуваа дека оваа бременост е благослов, а потоа ...

Добивај вести на Viber

„Помина една недела откако се вратив од Нешвил каде бев да го посетам моето момче Стивен“... ја започнува својата приказна американската музичарка Линдзи Ситрон. Таа со своите следбеници ја сподели голготата низ која поминала, а нејзината приказна стана вирална.

Бевме постојано заедно цели две недели, бидејќи живееме во различни делови на земјата. Дојдов дома и имав чудно чувство, мислев дека сум бремена. Не знаев како е тоа можно, бидејќи имав спирала, но сепак решив да направам тест за бременост, само за да се ослободам од грижата и да можам да се опуштам кога ќе видам дека е негативен. Сепак, кога го видов тестот добив шок . Се појави слаб плус, толку блед што морав да се консултирам и со мојата цимерка. Таа ми кажа дека не видела позитивен тест за бременост до сега, но и изгледа дека е позитивен, раскажува Линдзи.

Веднаш се вознемирив, седнав на компјутер и почнав да барам на интернет дали има веројатност тестот за бременост е погрешен, сепак, на крај во паника истрчав кај мојот гинеколог. Мислам дека сум бремена - реков тивко.

Во тој момент се вознемирив премногу. Мислам, имав 26 години, што е сосема разумна возраст за да имам дете и сакав деца, но јас и моето момче живеевме во различни градови, бев невработена во тоа време и ја трошев мојата последна заштеда, а исто така знаев дека е крајно ризична секоја бременост која ќе настане доколку имам хормонална спирала.

Тогаш мојот гинеколог ми кажа да земам крв и ме праша што би направила доколку навистина сум бремена.

- Ќе абортирам, реков. Поточно,го кажав првото нешто што ми падна на памет затоа што ми изгледаше како единственото решение.

Плачев на пат кон лабораторијата. Му објаснив на лаборантот кој ми зема крв дека бременоста е неочекувана и веројатно е со висок ризик.

- Каков абортус, ова е благослов - ме тешеше, а јас станував се поочајна.

Минуваа денови, а јас малку го сменив ставот. Почнав да се врзувам со тоа битие што растеше во мене. Го викав „Грашок“ затоа што сепак избегнував да го гледам како бебе, а набрзо потоа му кажав и на мето момче дека чекаме бебе. Бевме среќни, певме со часови.

Сепак, имаше и тешки моменти, кога тој не беше физички со нас, постојано бевме во контакт, но јас сепак се чувствував осамено. Иако бев исплашена, сфатив дека го сакам тоа бебе, и дека иако тоа ќе ми го промени животот и ќе ми ги „уништи“ сите планови. А се грижев и дека е можно да се појават компликации поради спиралата.

Откако се смирив, го променив планот и одлучив да се вратам кај татко ми, ќе работам додека можам физички, а потоа ќе одам на породилно отсуство. Се ќе биде добро, се тешев. Така охрабрена отидов на преглед и на ултразвук, одлучна да му соопштам на гинекологот дека ќе дека ќе го задржам бебето иако длабоко во себе знаев дека нешто не е во ред.

Пред прегледот застанав во аптека и го купив најскапиот тест за бременост, кој открива која недела е плодот. Застанав во првото кафуле и го направив тест во тоалетот. Требаше да покаже дека сум бремена повеќе од три недели. Сепак, тестот рече дека сум бремена само десет дена.

Му се јавив на Стивен бидејќи знаев дека нешто не е во ред. Го прескокнав терминот и отидов  веднаш во болница каде ми рекоа дека можеби ќе имам спонтан абортус, но дека треба прво да направам анализа на крвта и утразвук за да се открие што точно се случува.


Истиот ден ми земаа крв, но до следната недела немаше ултразвук. Резултатите од крвта стигнаа и сама истражував да видам што пишува на нив. Нивоа на HCG беа преполовени. Знаев дека бременоста е завршена. Плачев знаејќи што ќе ми каже гинекологот во понеделник. Во следните денови се збогував со мојот „Грашок“.

Кога дојде понеделник, гинекологот ми кажа дека плодот е мртов. Кога го кажа тоа, срцето ми „распрачи“. Знаев дека тоа ќе се случи, но кога и официјално ми го потврдија тоа, бев премногу тажна. Не се знаеше зашто се случува тоа, во секој случај, рече тој, кога ќе се случи спонтан абортус вака рано во бременоста, очигледно е дека се случила некоја „катастрофална генетска грешка“ и детето нема шанси да преживее. И колку и да се обидуваше да ми објасни дека не сум јас виновна и дека ова нема врска со спиралата, сепак се обвинував себеси.

Ми закажаа киретажа, на која отидов. Плачев додека не почна да делува анестезијата, а тоа беше затоа што се плашев за бебето иако знаев дека веќе не е живо.

Физички се опоравував од ден на ден, но бев ужасно осамена. Стивен дојде за да се грижи за мене, и да го пребродам полесно тој период, но јас се чувтствував толку осамена.

Дали е моја вина? Дали сето ова се случи затоа што сакав да абортирам? - беа прашања кои не престанав да си ги поставувам. Сите ме тешеа, ме уверуваа дека не сум виновна, дека не сум донела несреќа на себе зборувајќи за абортусот. Но ништо од тоа не ми помогнаа.

Никогаш не ни помислив дека сакам дете, а сега толку многу го сакав. Стивен и јас сега работиме на тоа што е можно поскоро да добиеме многу деца. Со нетрпение го очекував моето „виножито бебе“. Од мајките со кои разговарав, дознав дека „бебињата на виножитото“ се бебиња кои дошле по спонтан абортус. Тие се оние виножита на надежта по страшниот дожд.

И да, бебето пристигна во нашиот дом.




Фото: Profimedia/Facebook-Lindsay Graves