Откако по породувањето со третото дете ја нарекуваа „дебела“ Адријана Лима се врати во „форма“: Го покажа струкот и затегнатите нозе

Бразилската манекенка Адријана Лима (42) важи за една од најубавите жени во светот. Пензионираниот ангел на Викторија се најде на удар на критики кога се појави на филмскиот фестивал во Кан во мај.

Имено, по третото дете Адријана беше обвинета дека е „дебела“ и дека има направено естетски интервенции, но всушност нејзината тежина била сосема нормална за период по породување.

По тоа, секое ново појавување таа е се послаба, а на Филмскиот фестивал во Италија неодамна ја воодушевуваше јавноста.

Лима носеше тесен зелен фустан со длабоко деколте и голем шлиц, а тетоважата на ногата, која има значење на реинкарнација и ново раѓање, на многумина им падна во очи.

Инаку, од 2009 до 2016 година Адријана Лима беше во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ (44) со кој има две ќерки Валентина (13) и Сиена (10). Таа сега е во врска со филмскиот продуцент Андре Лемерс (41), со кој минатата година доби син, кого го нарекоа Сиан.


Фото: adrianalima/instagram