Откако пожарот му „зеде“ сè, тој нема никакви услови за живот: На Гоце од Свети Николе му е потребна помош

Добивај вести на Viber

Куќата му изгоре во пожар пред 2 години, оттогаш Гоце Здравковски од Свети Николе бара помош од компании или граѓани кои би можеле да му помогнат да изгради нов дом, достоен за еден нормален живот.

– Немам тоалет, ни фрижидер. Живеам во никакви услови. Пред две години куќата се запали од греалка и речиси сѐ ми изгоре. Среќа имав што преживеав, но останав со потешкотии во дишењето поради вдишаниот чад – вели Гоце кој работи како чувар, но со таа плата вели дека не може да си овозможи пристоен живот.

Вели дека пожарот оставил голема траума кај него па поради тоа има и проблеми со спиењето.

Некои граѓани му помогнале, донеле тросед, шпорет, телевизор, но тој вели дека наскоро можеби ќе остане и без струја зашто му се натрупале неплатените сметки.

– Ми помогна Општина Свети Николе со 3.000 денари еднократна помош и со 30.000 денари за материјал, но за жал тоа не е доволно. Купив мрежи и железо, најдов луѓе што ќе работат бесплатно, но ми фали уште материјал – вели Гоце кој ги замолува добрите луѓе кои имаат желба и можност да му помогнат, бидејќи доаѓа зима и условите ќе стана туште потешки, а му треба речиси сѐ од домаќинство, градежен материјал и облека.

Неговата сметка во Халк банка е 270700000999437.

Адресата:Ул. Карпошова бр.25, Свети Николе.

Телефонски број: 077/925-677.