Откриени стиховите на песната под скулптурата на Лејди Ди: Имаат посебно значење за нејзините синови и за неа

Добивај вести на Viber

фото:Anwar Hussein/Press Association/PIXSELL / Beta AP/Guliver

Минатата недела принцовите Вилијам и Хари ги здружија силите на церемонијата за откривање на статуата направена во чест на нивната мајка, прицезата Дајана. Покрај внимателно планирање како ќе изгледа статуата и што претставува таа, пред статуата беа додадени и стихови на, за нив, важната песна...

На денот кога би бил 60-ти роденден на принцезата Дајана, нејзините синови принцовите Вилијам (39) и Хари (36) ја открија нејзината статуа во градината на палатата Кенсингтон во Лондон, каде што живеела и таа.

Пред бронзената скулптура, на која е прикажана Дајана со три деца, на земјата има плакета со текст на песна која има посебно значење за нејзините синови, пренесува Пипл.
Станува збор за песна „Мерката на човекот“ / "The Measure of A Man" од анонимен автор, а текстот гласи:

„Ова се мерки за вредноста на жената како жена, кои не се поврзани со нејзиното раѓање. Не каква беше нејзината позиција, но дали имаше срце? Како ја одигра улогата што Бог ја имаше наменето за неа?“

фото: Dominic Lipinski/Press Association/PIXSELL

Тоа е песна што често се чита на погребите и беше дел од комеморацијата за 10-годишнината од смртта на Дајана во 2007 година. Во овој случај, стиховите се малку изменети така што личните заменки да одговараат на женски род.

Децата кои се дел од скулптурата посветена на Дајана не претставуваат специфични луѓе, туку нејзината работа и влијанието што го имала во текот на целиот живот.

- Се сеќаваме на нејзината љубов, сила и карактер - рекоа принцовите додавајќи дека овие квалитети на принцезата Дајана предизвикале промени низ целиот свет и промениле безброј животи на подобро. 

Иако се чинеше дека браќата се во добри односи, принцот Хари се врати во Америка помалку од еден ден подоцна, а некои извори наведуваат дека односите меѓу принцовите се уште се многу лоши.

извор:24sata.hr

И да е принцеза, сестра е сестра: 6 пати кога Лејди Ди ѝ позајми облека на сестра си Лејди Сара Меккоркдејл