Отвор на стомакот и шлиц до колкот: Наташа Беквалац во црн фустан ги покажа сите атрибути - „Може ли да поминам?“

Добивај вести на Viber

Поп ѕвездата Наташа Беквалац повторно изненадува со својот стајлинг, а сега ги остави без зборови своите следбеници.

Имено, Беквалчева позираше на скалите од хотел, во црн фустан со отвор  на стомакот и длабок шлиц, а на нејзиниот изглед никој не остана имун.

- Може ли да поминам? – ги праша пејачката своите следбеници.

„Ох, убава си“, „доминираш“, „божествена“, беа само дел од коментарите.

View this post on Instagram

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)


Да потсетиме, Наташа неодамна гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ каде во еден момент беше пуштено интервјуто на нејзината мајка, во кое таа изјави што не и се допаѓа кај нејзината ќерка, но и како би реагирала доколку пејачката се омажи за четврти пат.

- Ја обвинувам за тоа, сака да се разголува, да ги разголува градите, да го разголува стомакот, но нема причина. Многу луѓе го виделе, таа е на сцена 20 и нешто години и продолжуваат да го гледаат, нека видат нешто друго. Сакам да ја пофалам за песната, секогаш имам замерка за тоа како се облекуа. Таа не прифаќа критики, знае да се сврти и да си замине, а ме прашува мене, кога ќе ме праша, и кажувам. И кажувам што не ми се допаѓа како гледач и како мајка. Не ми се допаѓа кога е облечена провокативно, но вели дека мора, изјави мајката на Наташа.

Фото:natasabekvalac/instagram