Отворена новата експозитура на ИутеКредит во Струмица
Во Струмица се отвори најновата експозитура на брзорастечката компанија за микрокредитирање во Македонија – ИутеКредит. Покрај можноста за брзо онлајн аплицирање на www.iutecredit.mk, отсега струмичани ќе можат да ги користат услугите за најбрзо и најкомфорно кредитирање на новата ИутеКредит локација во Струмица, која се наоѓа на улица Благој Јанков Мучето број 1.
Како дел од понудата на ИутеКредит се потрошувачките кеш кредити кои се достапни во износ до 30 000 денари за нови клиенти и до 100 000 денари за веќе постоечки клиенти со период на отплата до 10 месеци.
Промотивно по повод отварањето, сите заинтересирани и нови клиенти ќе можат да аплицираат за кредит до 20 000 денари со 0% трошоци, што значи при првото земање на кредит во ИутеКредит ќе ја вратат истата сума за којашто аплицирале, во рок од 30 дена.
За аплицирање е потребен само документ за лична идентификација (лична карта или пасош), а одговор по успешно поднесената апликација се добива за само неколку минути.
“Брзината и комфорот во услужувањет на нашите клиенти се секогаш во преден план бидејќи се стремиме да го понудиме најдобро корисничко искуство во секоја ситуација и воедно да ги надминеме нивните очекувања” – изјавуваат од ИутеКредит
Во понудата на ИутеКредит е и наменскиот кредит за купување производи и услуги на 24 рати во износ до 120 000 денари, исто така само со лична карта. Можност за плаќање на рати може да се добие кај сите трговски партнери на ИутеКредит
Листата на продажни места каде што може да се купува со наменски кредит на рати може да се погледне на следниот линк:http://iutecredit.mk/partners/
Како посебен наменски кредит во понудата на ИутеКредит е инстант автмобилскиот кредит за купување користени возила во износ до 1 000 000 денари. Истиот се одобрува без учество, без каско и без лизинг. Заинтересираните за купување автомобил можат да аплицираат за овој кредит директно во новата експозитура на ИутеКредит во Струмица или онлајн на www.iutecredit.mk/car-loan/ каде може да се погледне и целата мрежа на авто плацеви кои соработуваат со ИутеКредит.
Покрај Струмица, досега се отворени и експозитури и во останатите поголеми градови во земјата како Скопје, Тетово, Куманово и Штип. Од компанијата најавуваат дека бројот на физички локации во други градови ќе продолжи да расте како би се понудило најдобро корисничко искуство на сите потенцијални клиенти на ИутеКредит. Покрај како најбрз и најкомфорен кредитор, во своето досегашно постоење ИутеКредит се има покажано како општествено одговорна компанија која инвестира и поддржува проекти од јавен интерес како што се спортот, образованието и здравата животна средина.