Отворено писмо до мојот сопруг: Ведрана Рудан брутално искрена за поранешниот
Здраво!
Денес е нашата триесетта годишнина од брак. Немам Инстаграм, не сум на Фејсбук, не можам да ти ги опишам моите чувства на модерен начин. Да бев жена од ова време, ќе ти пишев „Љубов, ти отсекогаш беше мојата карпа.“. Потоа ќе додадев ѕвезди и срца. Карпа? Што значи тоа? Еднаш се качував по карпи и си ја скршив ногата. Кој к*р карпа?
Или, „Љубов, ти секогаш беше светлината на крајот од тунелот.“. Какво срање. Никогаш не го гледав нашиот брак како тунел, а уште помалку тебе како светилник што ми го покажува патот. Или, „Огнот на љубовта што гори во мене е истиот оној на кој денес му славам триесетти роденден.“. Каков оган?
Сепак, се очекува жена која поминала триесет години со својот сопруг некако да го дефинира. Те гледам како човек кој сака полнети пиперки. Тоа, душо, посилно го одбележа нашиот брак отколку триесет години тркалање во некаков кревет. Секогаш си водел љубов, каков моронски израз, зошто луѓето го нарекуваат ебањето „водење љубов“, во кревет. Поради кичмата, воспалението на бубрезите, не можеше да ја поднесеш жештината, студот, маглата, влажноста, ветерот, дождот, ниту тоалетите на домаќините каде што славевме многу новогодишни ноќи.
Да, затоа кога ќе погледнам наназад денес гледам пред мене огромен лонец со полнети пиперки, а не твојот к*р.
Пред малку ми се јави Кика. „Како си?" „Супер“. „Го видов. Со него беше кучката, малиот беше во количка. Многу убаво дете. Не личи на неа или на него. Се прашувам чие е тоа дете?" „Татково“, реков и се насмеавме.
Се сеќавам на нашата венчавка и мојата бела венчаница и како имав тенок струк иако бев бремена три месеци. Морав да носам нешто старо, нешто ново и нешто сино. Носев стари балетанки затоа што да облечев штикли ќе бев за глава повисока од тебе. Кога ќе сфатиш дека не си висок 1,80 cm туку 1,71 cm? Мојата венчаница беше нова. Заборавив на „нешто сино“, по ѓаволите. Затоа отиде со таа крава педесет години помлада од нас?
Кика ме праша дали забележав нешто? Не. Која нормална жена го гледа својот сопруг по триесет години брак? Но, кога ќе погледнам наназад денес, сепак видов промена во твоето однесување.
Ти кој со години облекуваше џиври поради воспаление на простата веќе на крајот на август, пред година-две, не се сеќавам, почна да ги ставаш твоите тенки нозе во „Келвин Клајн“. Дали ми заѕвони алармот? Ебеното ѕвонче не заѕвони.
Бев среќна. Не е пријатно да се види старец во дебели, волнени хулахопки. Изгледаше како еб*ен, ладнокрвен, бремен балетан. А кога ми кажа дека повеќе не морам да ѝ готвам супа од волски јазик за мајка ти, тогаш и јас бев среќна. А кога ми кажа дека одиш на службено патување на две недели, но не знаеш во кој хотел ќе престојуваш, и тогаш бев среќна.
Ме повика твојот адвокат. „Госпоѓо, вразумете се. По триесет години брак, имотот е поделен на половина. Вашиот сопруг е адвокат, експерт за меѓународно трговско право, а вие пишувате книги. Неговиот час е илјада евра, вашите хонорари...“ Некој му ја кажал вистината дека хрватските издавачи се крадци. „Не требаше да го направиш тоа...“
Му прекинав. Сакав да му кажам, заеби, стари, тој е на твоја возраст, шеесет и девет има. Но не му реков. Денес сѐ се снима „ за да ги подобриме нашите услуги“. Не би сакала на суд да ми мавтаат со транскрипт за некоја продадена судијка да ме прогласи за луда.
Твојот адвокат ми рече дека си попи*здел. Ти си попи**ел? Ти? Што требаше да направам јас? Да паднам без борба? Куќата е заведена на мое име, ти излезе од неа, оплоди, или ти така мислиш, скоро малолетна кобила, а јас да се насмеам и да ти дадам пола куќа. Од*би, љубов. Му ја „подарив“ куќата на син ми, сега карај се на суд со синот. Битката ќе трае дваесет години бидејќи имам и јас коњ за тркање. Заштедев нешто пари во овие триесет години. Ти ќе ги поткупиш судиите, ќе ги поткупам и јас. Секогаш си бил скржав, правдата ќе биде на моја страна.
Твојата мајка ми се јави вчера. „Ми недостигаат твоите супи“. Направив и ѝ ја однесов супата. За ништо не е таа виновна.
И така, сега седам во нашата огромна дневна соба, гледам во морето и пијам шише „Chateau Margaux“. Твојот адвокат би рекол дека половина од шишето ти припаѓа тебе. Кој те е*е дараги, ќе почнам уште едно. На гробот на нашата љубов вечерва ќе положам четири илјади евра во кеш.
И уште само ова. Прекрасно е чувството да се биде сам дома во огромна куќа на морскиот брег, додека смрдеата на полнети пиперки станува на друго место.
Извор: www.rudan.info