Отвори се Земјо, проголтај ме: Девојки ги открија најголемите посрамотувања за време на интимните односи
Искрените исповеди на девојки за тоа како се посрамотиле за врме на интимните односи со партнерот. На крајот на денот, се може да се случи, сепак сме луѓе!
Нема ништо полошо од тоа да те фатат.
Нон стоп се зборува, се сонува и се размислува за сексот, но како што обично се случува со работите кои редовно ги правите, порано или подоцна мора да има некоја непријатна ситуација или невешто завршена работа.
Зборуваме за моментите кога посакуваш да се отвори Земјата и да те проголта, но тоа е невозможно, па остануваш засрамена, а да биде уште полошо, воглавно си гола.
Пријателите можат да те утешат и да кажат дека сè ќе се заборави, но ти нема да заборавиш.
Невозможно е и овие девојки да ги заборават личните приказни за бламовите во сексот, барем така тврди 28-годишната Нина.
„Уф, ми се гади само размислувајќи за тоа“.
-Ми беше 17-ти роденден и гостите веќе заминаа, а јас и мојот тогашен дечко легнавме на креветот во мојата дневна соба, тој почна да ме соблекува и бидејќи и двајцата бевме невини, беше невешто. Во еден момент бев целосно гола и на грб, а тој исто така целосно гол и наеднаш се отвори вратата од дневната соба и на неа - дедо ми, кој инаку живееше во друг дел од куќата. Се сеќавам само на звукот додека веднаш ја покрив главата со перница и се правев дека не сум таму, не можам да замислам како му беше нему, но за да се извади од ситуацијата, го погледна кучето и рече „Ах, Марко, тука си, те барам низ целиот двор“ и ја затвори вратата. Сексот веднаш заврши, дечкото истрча дома, а јас не можев да го гледам дедо ми во очи следните шест месеци. Никогаш ништо не спомнавме за таа ситуација“.
Јована (31) сподели приказна од која, како што вели, повеќе не се срами бидејќи во тој момент сакала никогаш повеќе да нема секс во животот.
„Сега кога размислувам за тоа, ми е смешно, бидејќи во основа не е ништо страшно, но тогаш бев млада и не знаев. Така, запознав еден дечко во градот, и бидејќи студирав во Белград и живеев сама, решив да го однесам дома, тој беше неколку години постар и веднаш почнавме да имаме секс, што всушност беше навистина добар. Меѓутоа, некаде при крајот, во екот на мојот занес, се поместувам од мисионерската поза да се подигнам да го гушнам и во тој момент почнувам да прдам и да испуштам смешни звуци од мојата вагина. Сигурно траеше најмалку 30-40 секунди додека претпоставувам целиот воздух не излезе од мене. Побледев и почнав хистерично да се смеам. Момчето беше добро расположено, мислеше дека е смешно, но ми рече дека е нормално и да се опуштам. Мене ми беше уште полошо бидејќи тој знае што е нормално, а јас не. Ужас!!“
Емилија (27) вели дека е авантурист и дека никогаш не се плашела да проба да има интимни односи на различни локации, а судејќи по нејзината приказна изгледа дека сака да живее на работ на законот.
„Не знам колку е блам, хаха, сакам да се фалам со таа приказна бидејќи кој друг може да каже дека го уапсиле за секс. Со дечко ми бевме на море во Грција и цел ден се возевме по разни плажи и на самрак паркиравме на малку потскриен видиковец и мислевме ајде да имаме секс овде, во еден момент слушнавме како некој тропа на нашиот прозорец од вратата на колата, кога тоа се појави полицаец и ни напиша казна за секс на јавно место. Бидејќи бевме туристи, тој бараше да дојдеме во станицата и да не' регистрира. Тој беше ужасен тип, уште се сеќавам“.
26-годишната Невена вели дека успеала да се избламира и пред самиот чин, но дека таа и нејзиното момче брзо заборавиле на тоа и потоа биле во врска неколку години.
„Моето момче во тоа време, беше малку понадарено од вообичаено и навистина имав проблем со оралниот секс. Една вечер излеговме и испивме малку, се вративме во станот и се наведнав, но пиев одвратно вино и како што почнав да го задоволувам, добив гадење и не успеав да се тргнам на време па го исповратив и него и мене и креветот. Беше навистина ужасно, но бевме пијани, па беше навистина смешно и не влијаеше многу на остатокот од вечерта“.
25-годишната Милица сподели приказна во која, како што вели, се опуштила малку повеќе отколку што треба.
„Тоа всушност се случи летово, па сè уште е свежо. Бев во волонтерски камп во Италија и имаше еден симпатичен дечко со кој се дружев неколку дена. Една вечер завршивме заедно во мојот шатор, кој беше малку помал, и тргнавме во акција, но кога ќе влезеш во шаторот, забораваш дека тоа е само платнена подлога и мислиш дека си во посебна просторија, а јас се заборавив и си дадов комоција гласно да уживам во сексот, несвесна дека ме слушаат уште 50 луѓе чии шатори беа поставени наоколу. Имаше движење, гласни воздишки и викање, а сфатив дека сите ме слушале дури следното утро кога станав и чудно ме гледаа, а некои дури и ми намигнуваа. Не издржав до крајот на кампот, си заминав дома“.
извор:zadovoljnja.nova.rsМажите открија: Овие три секс пози се најдобри во кревет