Отворила боледување и заминала на летување, таму ја пречекал шефот: Девојката не го очекувала ова - се шокирала

Добивај вести на Viber

Позната тиктокерка ја сподели нејзината непријатна ситуација

Грејс, популарна тиктокерка позната по профилот @grachevaaleidya, сподели вирално видео на кое се прикажува непријатна ситуација што ја доживеала за време на авионски лет.

Како хонорарец (фриленсер) во европска компанија, Грејс слободното време го поминува во родниот Бали, Индонезија. Таа објаснила како морала да отпатува дома, но наместо да го праша шефот за слободен ден, таа решила да земе боледување, велејќи му дека имала преглед на лекар поради болест.

Грејс на својот профил објави видео од авионот на кое на телефонот покажа порака со селфи од нејзиниот шеф, кој се фотографира во истиот авион. Она што ја влошило ситуацијата е фактот што таа се гледа на позадината на таа фотографијата.

Во подоцнежен разговор, Грејс откри дека нејзината лага е откриена не поради таа фотографија, туку многу порано.

„Стоев во редот кога забележав познато лице. Ми пријде, ми викна по име и саркастично ми рече: „О, зарем ова е болница?“. Покрај тоа што е фатена во лага, девојката објаснила дека двајцата се изнасмејале добро на целата ситуација.

@grachevaaleidya

Please Please Please - Sabrina Carpenter

„На крајот разговаравме цел пат до и внатре во авионот. Тој ја направи таа фотографија и ми ја испрати“, објасни Грејс.

Нејзините следбеници биле љубопитни дали има проблеми на работа поради нејзината лага. Грејс во коментарите накратко напиша дека „двајцата дале отказ“, но не открила детали.


Фото и Видео: ТикТок