Ова е безобразно скапиот стан на Ана Николиќ од 500.000 евра: „Неуредноста“ често го расипува впечатокот

Добивај вести на Viber

Пејачката Ана Николиќ живее во луксузен стан со својата ќерка
Тара, а се проценува дека истиот вреди половина милион евра, пишуваат локалните медиуми. Зградата во која живее пејачката Ана Николиќ се наоѓа во центарот на Белград.

Ана се одлучи за комбинација од пастелни нијанси и нежни бои, па така доминираат посветлите тонови, а целиот мебел и детали се во бела, розова и крем боја. Во дневната соба има огромен камин, на кој има и плазма телевизор.

Станот има многу украсни детали и книги, а во ходникот се наоѓа и голем гардеробер. Собата на малата Тара е во розови тонови, а небото е насликано на таванот. Николиќ се пофали и со својата омилена соба, огромната гардероба со големи огледала.


Топлото катче се обиде да го задржи во тајност, но да потсетиме дека станот на Ана првпат се виде на социјалните мрежи, кога ја сними малата Тара како се маскира во нејзината мајка. Тара прво ги земала очилата за сонце, а потоа и штиклите и чантата на пејачката.


- Кој си ти - ја праша Ана Тара, а нејзината ќерка веднаш одговори:

- Јас сум Ана Николиќ - рекла Тара.

Како што можеше да се види на видеото, во станот на пејачката владееше тотален хаос, па можеше да се види отпадоци од храна до креветот и марамчиња расфрлани по подот.

Исто така, неодамна беше снимен и хаосот на нејзината тераса, која беше несредена, со фрлени работи наоколу.

Фото:Инстаграм