Ова е лекција која ќе ви го смени начинот на размислување
Тестот кој го направил овој познат говорник ќе ве натера уште еднаш да размислите за животот и неговите вредности.
Познатиот говорник го започнал својот семинар така што подигнал една банкнота од 20 долари и во соба од 200 луѓе го поставил следното прашање:
„Кој ја сака оваа банкнота од 20 долари?” - рекол тој.
Скоро сите кренале рака дека ја сакаат банкнотата.
„Оваа банкнота ќе ја дадам на некој од вас, но дозволете ми прво нешто да направам” - кажал говорникот.
Тој ја зел банкнотата и ја истуткал.
„Кој и понатаму ги сака овие 20 долари?” - прашал пак.
Сепак, рацете и понатаму биле кренати.
„А што ако го направам ова?”- прашал тој, ја спуштил банкнотата и ја згазил со својот чевел.
Потоа ја земал од подот, цела истуткана и валкана.
„Има ли некој кој сè уште ја сака оваа банкнота?”.
Сепак, рацете на присутните биле подигнати.
„Пријатели мои, сите сега научивте една многу вредна лекција. И без оглед на тоа што направив со овие 20 долари, вие и понатаму ги посакувавте истите бидејќи тоа не ја намали нивната вредност. Тие сè уште вредат 20 долари“ - рекол говорникот.Оваа нека биде добра животна лекција за многумина.