Ова е мајчинство! Брутално искрено писмо за кое сите зборуваат

Што навистина се крие позади совршените семејни фотографии на социјалните платформи? Детски насмевки, задоволни родители, идилични семејни фотографии секојдневнио ни се сервираат. Но, дали е се’ навистина така? Дали сите се супер-мајки, а децата се послушни и вредни? Или е тоа Инстаграм-претстава? Како мајчинството навистина изгледа и со што се’ мајките се соочуваат секојдневно? Зошто никој никогаш не ги претставува работите какви што се? Зошто никој никогаш не покажува дека мајчинството понекогаш (и често) е премногу стресно и тешко? Токму на оваа тема сосема искрено проговори Кејт Дисон, мајка на три деца.

Споделувајќи ја својата реална перцепција по многуте непреспиени ноќи поради сите предизвици кои мајчинството ги носи, ова е брутално искрено писмо за емоциите на една уморна мајка.

Ова е мајчинство!

Ова е будење четирипати во ноќта. Ова е појавување на првиот заб. Ова е тело кое боли. Ова е психичко заситување од семејството. Ова е кавга со мојот петгодишен син за тоа кои чорапи треба да ги облече за школскиот пикник. Ова е вежбање на текстот за училишната претстава на најстарото дете, повторно и повторно од почеток.

Ова е грижа дека опремата за часот по физичко е подготвена, униформата е испеглана, кондурите се таму каде што треба да бидат, а не во дворот како вчера.

Ова се мачките кои ми се мотаат околу нозете кои треба да ги нахранам пред да си ги измијам забите. Ова е потреба за одење во тоалет без публика. Ова е очајна потреба за кафе. Ова е организација за појадок. Ова е бебе кое се „покакало“ по целиот кревет. Ова е потреба да се прилегне за да се намали чувството на паника, но не можете тоа да го направите бидејќи креветот се суши после „посраниот“ инцидент.

Ова е лежење ноќе додека сум будна како би „фатила“ неколку моменти за себе, за своите мисли. Ова е чувство на плачење, по само 20 минути откако сум затворила очи. Ова е трчање како испотена свиња на патот кон училиштето за да го видам лицето на учителот кое ми кажува „По ѓаволите, секогаш во последен момент“, додека се смешка и ја држи вратата.

Ова е доаѓање дома откако ќе ги земете децата од училиште и монотонијата на една мајка која останува дома со децата. Ова е испраќање пораки на мажот да се врати дома веднаш после работа, бидејќи сте на работ на нервен слом.

Ова е попис на сите домаќински работи и сваќањето дека ќе бидете единствени кои истите ќе ги завршите. Ова е гледање во лицето на вашето бебе кое плаче бидејќи не разбира зошто неговата мајка е тажна. Ова е чувство на тегоби кои ве притискаат во грло се’ додека не добиете паничен напад. Ова е задишано лице кое лежи на софата додека вашето бебе гледа од својата лежалка со широко отворени, престрашни очи.

Ова е потреба за одмор, долг одмор, знаејќи дека никогаш нема да си го приуштите. Ова е знаење дека и да легнете да отспиете, подоцна ве чекаат сите обврски кои мора да ги извршите кога ќе се разбудите. Ова е седење во другата соба како би побегнале од себе си и болната реалност дека не можете да побегнете од сопствените мисли.

Ова е константно чувство на страв дека постпородилната депресија ќе ви се врати. Ова е длабока воздиушка. Ова е време кога се тешиш дека утре ќе биде подобро. Ова е кога повторно ќе се кренеш и ќе продолжиш понатаму со се’.

Ова е мајчинство!