Oва е најсреќната земја на светот
Луѓето кои живеат во Бутан се многу среќни.
Таа се најде на овогодинешната листа со дестинации кои треба да ги посетите, која ја објавија New York Times и магазинот L’affaire.
Бутан е земја во која растот на „националната среќа“ е поважен од растот на бруто домашниот производ (БДП).
Земјата на Хималаите која никогаш не била освоена ниту колонизирана, успеа да се држи до својата култура во периодот на трансформација од апсолутна монархија во демократија, пренесува агенцијата АП.
Кралот на Бутан уште во 1970 година кажа дека растот на „националната среќа“ е поважен од растот на БДП. Земјата има заземено уникатен пристап во туризмот, промовирајќи се како „ексклузивна дестинација“ која нуди скапи услуги за мал број на туристи.
Туристите можат да ја посетат оваа земја само преку лиценцирани агенции, а туристичките аранжмани чинат меѓу 200 и 250 долари дневно, во зависност од услугата. Дел од парите собрани од туризмот Владата на Бутан ги користи за инвестиции во здравствената грижа, бесплатното образование и изградбата на патишта.