Премиерката на Нов Зеланд, Џасинд Ардерн е првата која ќе оди на породилно, но тоа ќе трае само еден и пол месец.
Таа стана премиерка лани по изненадувачкиот раст на политичката сцена.
Недолго потоа објави дека ќе стане мајка, а сега во седмиот месец воопшто не се откажува од многуте обврски и патувања.
„Не се грижам, се чувствувам одлично, освн што нозете ми се отечени па потешко ми е кога седам“- изјави таа.
Кога ја објави својата бременост, во јануари 2018, побарала од вицепремиерот Винстон Питерс за време на нејзиното отсуство да ја врши должноста претседател на Владата, додавајќи дека во тој период ќе биде потполно достапна за контрактирање.
По тој период таа планира да се врати на работа, а грижата за детето ќе ја води таткото Кларк Гејфорд.