Ова е синот на Катерина Шехтанска: Актерката со емотивна роденденска честитка за него (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Синот на актерката Катарина Шехтанска наполни 19 години

Овие денови актерката Катарина Шехтанска има доста поводи за славење. Имено ја прослави полуматурата на ќерката Клеоника, а сега пак го слави роденденот на нејзниот првенец, синот Филип, кој е кошаркар.

- Среќен роденден лепотанче мајкино. Си пукна 19-че и памет не ти дојде. Те сакам и ти посакувам сѐ што ќе наумиш да оствариш - напиша актерката во описот на нивните заеднички фотографии на Инстаграм.


Дека актерката се има посветено комплентно во нивното растење и воспитување има напоментато во неколку прилики.Токму затоа денес може да каже дека е горда мајка на тинејџери кои чекорат по вистинскиот пат.

- Ме мотивира самата помисла дека имам семејство, деца кои допрва треба да ги изведеме на прав пат. Ме мотивира идејата дека живееме во едно ненормално општество, изопачен систем и вредности од каде треба дефинитивно да се најде излез (а очигледно не може) или да се најде виза за надвор. Ги мотивирам, ги учам, ги воспитувам да бидат успешни, да бидат пред сѐ  луѓе, да ги почитуваат основните вредности, на морал, на почитување, а со самото тоа  што треба нив да ги мотивирам, се мотивирам и јас самата. Денот ми е исполнет пред сѐ со нивните обврски. Јас освен оние во домот и семејството други немам (ми ги одзедоа усте многу поодамна). Ама сепак не се жалам, се борам, мрчам, не молчам и гледам семејството да опстане покрај сите премрежја што се нудат на дневно ниво, а не па на подолги стази, изјави актерката во едно интервју за Женски магазин.