Ова личи на лудница, дом без душа: Ким Кардашијан објави фотки од својот дом, критиките не престануваат (ФОТО)
Ким Кардашијан на Инстаграм објави фотографии од својот дом и доби многу критики.
На фотографиите се гледа нејзината дневна соба, спална соба, дел од бањата и сè е во крем и бела боја, а на нејзините следбеници токму тоа им „боди“ во очи.
„Работи во куќата што ме прават среќна“, напиша Ким.
„Ова изгледа како лудница. Не знам како можеш да живееш на вакво место“, напиша еден корисник на Инстаграм. „Овде би се чувствувал како да сум во затвор“, додаде друг. „Домот нема душа“, коментираат трети и се прашуваат како не ѝ е сè извалкано.
Ким претходно за време на гостувањето во The Ellen DeGeneres Show изјави дека нејзината деветгодишна ќерка Норт го дели своето мислење со нејзините следбеници. „Секогаш кога имаме несогласување, Норт се обидува да ме навреди велејќи: „Твојата куќа е толку грда. Сè е бело. Кој може да живее вака?“, изјави Ким.
Таа претходно за магазинот Вог ги отвори вратите од нејзиниот дом, каде подетално го покажа:ГАЛЕРИЈА: