„ОВА НЕ Е БУЛЕВАР, ОВА Е КЛАНИЦА“- КОЛА ПРЕВРТЕНА НА ПОКРИВ ПРЕД ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ СРЕДЕ СКОПЈЕ: Втора сообраќајка за само неколку дена

На недовршениот булевар во населбата Аеродром во Скопје се случи уште една тешка сообраќајќа, при што едно од двете возила кои учествувале во несреќета е буквално превртено на покривот. Ова е посебно алармантно што двата автомобили се судриле точно пред основното училиште „Љубен Лапе“, за што Фактор и претходно пишуваше укажувајќи на фактот дека загрозена е безбедноста на децата токму поради недовршениот булевар, како и ултра брзото и несовесно возење на возачите.

Еден од жителите на населбата Аеродром, кој објави и застрашувачки фотографии на неговиот профил на Фејсбук, апелираше булеварот да се избегнува.