Ова не е збогум: Трогателна видео порака од лекар (28), снимена само неколку часа пред да почине од ковид-19

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, Мексико има скоро еден милион (972.785) лица заразени со вирусот, а 95.225 починале како резултат на инфекцијата. Меѓу најтешко погодените области е Чивава, каде што, според локалните медиуми, болниците се толку полни што не примаат пациенти со други болести. Во една од нив беше создадено трогателно видео и споделено на социјалните мрежи.

Медицинскиот техничар Серхио Хумберто Падила Хернандез (28) работел како член на четиричлен тим во општа болница и откако самиот бил хоспитализиран поради коронавирус, решил да сними порака за неговите најблиски, пред да биде ставен на апарати за дишење на 5 ноември, пишува „Дејли меил“. 

- Сакам, без оглед што и да се случи, и судбината што Бог ја наменил за мене, секогаш да ме паметиш според тоа што бев. Бидејќи ќе се вратам, ова не е збогум. Сигурен сум дека ќе се вратам за неколку дена. Ќе се видиме повторно, те сакам - вели момчето на видеото.


Според локалниот весник „Миленио“, видеото е снимено на 5 ноември, ден пред Серхио да почине од Ковид-19.

извор: blic.rs

-Потресна приказна на хигиеничарка од инфективна клиника: Најтешко ми е кога ќе најдам празен кревет

-(ВИДЕО) Сведоштво на пациент во инфективниот оддел во Штип: Да убијам човек за шише вода?