Ова предвремено родено бебе не требало да преживее, но покажало дека сѐ е можно

Добивај вести на Viber

Предвремено родено бебе кое не требало да преживее покажа дека сѐ е можно. Преживување на толку млада возраст никогаш не се случило.

Бебињата како Кертис немаат шанси за преживување, но тоа неверојатно дете – родено по само 21 недела покажа дека нема правила и сега е запишано во Гинисовата книга на рекорди.

Едноставно кажано: Никој никогаш не се родил толку млад и не преживеал.

Приказната на Кертис е навистина интригантна. За неговата мајка, Мишел „Чели“ Батлер, сè одело добро во текот на бременоста додека не започнало предвременото породување, поради што на 04.07.2020 година била итно префрлена во болница.

Потоа сè тргнало наопаку. Кертис се породила 132 дена предвреме, а бебето тежело само неколку грама; Сестрата близначка на бебето, C’Asya починала само еден ден по раѓањето.


Прогнозата за малото бебе Кертис не била добра - но се случило чудо. Кертис ја надминал секоја пречка и сега е среќен и здрав и стана „најмладото бебе на светот кое преживеало“.

Лекарите се оправдано изненадени.

Преживување на толку млада возраст никогаш не се случило

„Преживување на толку млада возраст никогаш не се случило, пред да се роди Кертис, неговите шанси за преживување би биле помали од 1%,“ вели д-р Колм Траверс.

Траверс бил „зачуден“ кога видел дека едно толку мало бебе добро реагира на третманот ден по раѓањето - како што одминувало времето Кертис почнал да докажува дека сè е можно. Со помалку од 1% шанси за преживување, тој не се откажал.


„Тој ги надмина сите медицински очекувања“, рече Траверс, „гестациската возраст и родилната тежина се два фактори кои ја одредуваат шансата за преживување, а други фактори го вклучуваат полот, дали бебето е близнак или самец и дали мајката примала стероиди за време на бременост кои го стимулираат развојот на белите дробови на бебето. Кертис не одговараше на ниту еден од тие критериуми“.

Сепак, ситуацијата не била без свои предизвици. Бебето поминало 275 дена во болница и му била потребна помош да научи како да јаде. Сè уште му треба кислород и цевка за хранење, а лекарите велат дека некои работи сè уште се неизвесни.

Д-р Брајан Симс, кој го лекувал Кертис, вели дека не постои шема што треба да се следи бидејќи „нема никој како него“, но можно е лекарите да знаат како да ги третираат другите предвремено родени бебиња поради него.

„Тој почна да ја пишува својата приказна на денот кога се роди“, вели Симс, „Таа приказна ќе ја читаат и проучуваат многумина и, се надевам, ќе ја подобри грижата за предвремено родените бебиња ширум светот“.

Фала му на Бога за ова чудо. Ве молиме продолжете да се молите за Кертис и неговото семејство додека расте и се развива.


фото: јутјуб принтскрин