Ова се родителите на Влатко Лозановски: Еве од кого ја наследил насмевката

Добивај вести на Viber

Тој е миленикот на сите генерации, неговата песна се слуша насекаде, важи за момче чија кариера не ја одбележаа скандали, туку дека нижи само успеси, тој е Влатко Лозановски.

Момчето со препознатливата насмевка која плени и глас кој е милина за секое уво.

Низ годините многу негови песни се слушаат редовно, особено оние полетните хитови кои постојано се вртат низ радијата во земјава во потоплите денови. Редовно прави турнеи низ земјава, но и надвор од неа.

Тој е родум од Кичево и гордо зборува за тоа, а негов најголем поддржувач и фан е неговата сестра Марија, која е позната лекторка и писателка.

Токму таа сподели фотографија од нивните родители.

„Младичите - мама и тато“, напиша на Инстаграм Стори Марија, а во позадина се слушаше песната на Лозано: „Со тебе поубав е денот“, алудирајќи на тоа дека со нив денот ѝ е поубав.

Од фотката исто така може да се забележи дека насмевката пејачот очигледно ја наследил од неговата мајка.

Инаку, во јуни, поточно на 27, Влатко Лозановски наполни 39 години, а токму по тој повод неговата сестра му честиташе со емотивна порака.

„Мислам дека сè што си посакал си добил, а заслужуваш многу повеќе. Затоа јас ќе ти посакам да ти се случува она што семејството ти посакува и Господ што го наумил“.



Фото: Инстаграм

Р.Ж.М.