„Оваа моја мала кралица има 15 години и вечерва за 2 минути исчезна во подземна гаража“: Инфлуенсерката Сара Беро го сподели трауматичниот настан со следбениците
Српската инфлуенсерка Сара Беро која има две ќерки со Даунов синдром, во текот на вчерашниот ден доживеала една голема непријатност кога една од близначите се загубила во подземна гаража. Портагата траела нецели 10 минути, но искуството било престрашно, вели мајката.
Таа искуството го сподели на Инстаграм, а поддршка доби од многу нејзини следбеници.
- Оваа моја мала кралица има 15 години и вечерва за 2 минути исчезна во подземна гаража околу 7/8 минути, а мене ми изгледаше како цела вечност. Срцето сè уште ми чука брзо, и добро е додека чука и не престане … Можам да го разберам нејзиниот Даунов синдром, го прифатив, но изненадена сум од нејзиниот аутизам. И згора на се, некој ќе дојде да ми каже нешто и да ми одржи предавање за нешто во животот … И уште нешто, во истата таа секунда го викнав нејзиниот татко и така 15 години, а лав како лав, па, добро е што и неговото срце му чука за тоа што му го подготвувам секој ден …, напиша Сара.