Оваа сцена ќе се памети засекогаш: Вулкан од емоции помеѓу снаата Александра Пријовиќ и свекрвата Лепа Брена, поради кој се расплака цел Балкан (ВИДЕО)
Дури и ако не сте фанови на овие популарни пејачки, невозможно е да останете рамнодушни на оваа сцена
Александра Пријовиќ синоќа го одржа својот втор концерт во Штарк Арена, а пејачката како и првата вечер настапи во преполна сала.
Популарната Прија направи атмосфера за паметење, која нејзините обожаватели долго ќе ја паметат, а за сѐ да биде уште поубаво - нејзина специјална гостинка беше Лепа Брена, југословенската музичка дива и маќеа на нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ.
Познатата пејачка ѝ се придружи на Александра на сцената, а Лепа Брена ги отпеа „Југословенка“, „Болиш и не пролазиш“, додека со снаата ја испеа „Пожели среќу другима“, еден од најголемите нејзини хитови.
За време на изведбата на оваа песна се случи една од најемотивните сцени откако ги знаеме двете пејачки, а на социјалните мрежи се шират видеа од сите агли.
Имено, Брена во еден момент среде песната ѝ пријде на Прија, долго ја гушкаше, а и двете плачеа од среќа поради големиот успех на Александра пред славната пејачка да ја продолжи песната.
„Кога плачеш од радост поради туѓа среќа е нешто убаво“, „Не очекував дека Брена ќе ме расплаче вечерва“, „Најубавиот и најемотивниот момент на вечерта“, „Не се сеќавам дека сум ја видела Брена поемотивна“... коментираат твитерџиите.
Пред присутните се обрати и југословенската музичка дива.
- Ви благодарам што ја сакате мојата Александра - рече таа, додека младата пејачка ѝ се заблагодари за сѐ и рече дека е почестена што живее во нејзино време.
Извор: glossy.rs