Оваа жена грми: Ослабе 45 килограми, а сега настапува во скап фустан од чија цена ќе ви се сврти во глава

Обожавателите на Адел ширум светот со нетрпение го очекуваат 14-ти ноември,за кога е најавен телевизиски специјал во кој славната Опра Винфри ќе биде домаќин на прославената пејачка. Неодамна беше прикажан краток тизер од ова телевизиско интервју, при што Адел одржа и мал, интимен концерт во Лос Анџелес.

Во најавата, оваа Британка се гледа како го изведува својот нов сингл „Easy On Me“ на отворено ѝ и кажува на публиката: „Ви благодарам многу што дојдовте вечерва“.

Адел изгледаше спектакуларно - блесна во прекрасен црн фустан од сирена од Скиапарели со предимензионирани, скулптурни ракави. Даниел Розбери го создаде овој фустан по мерка на познатата 33-годишна девојка, па не е ни чудо што и стои вака совршено!


Инаку, цените на тоалетите со потписот на брендот се движат од 2.295 долари до неверојатни 17.170 долари, а ретко се објавуваат јавно и зависат од кројот и материјалите.

Пејачката го комплетираше аутфитот со огромни, ефектни златни обетки, а косата ја врза во елегантна пунџа која го истакна нејзиното убаво лице.



Да потсетиме, Адел на 19 ноември ќе го објави новиот албум „30“, а очигледно отвори ново поглавје во животот - никогаш не изгледала подобро и никогаш не била поисполнета на приватен план. Таа е вљубена во НБА агентот Рич Пол 10 месеци, а биле пријатели со години пред да започнат романса.

„Последното нешто што ми треба е некој кој не знае каде е во животот или што сака. Знам што сакам и навистина знам што не сакам. Рич е проклето забавен. Сакам да бидам покрај него. Едноставно го сакам тоа“, изјави таа неодамна во интервју за „Вог“.