Овие детали во домот се одраз на сиромаштија и невкус, а многумина ги имаат: Експерт открива зошто укажуваат на сиромаштија
Експертот Вилијам Хенсон тврди дека одредени детали во
куќата се одраз на сиромаштија и лош вкус.
Сите сакаме да се чувствуваме што е можно попријатно во нашиот дом и да го разубавиме по сопствен вкус, без претерано потпирање на трендовите или на насоките на експертите за уредување на домот. Меѓутоа, во нашата желба да оставиме личен белег, често правиме одредени грешки кои се голем минус бидејќи наместо да покажеме кои сме, тие откриваат нешто што никогаш не би сакале.
Имено, во домот има работи кои едноставно покажуваат дека немате стил и дека сте сиромашни, било по дух или материјално. Експертот Вилијам Хенсон откри дека во домот има неколку предмети кои откриват дека живеете во сиромаштија.
Сатенска постелнина во боја
„Повеќето луѓе мислат дека сатенската постелнина, особено црната, е врв на луксузот, но всушност тоа е врв на лош вкус. Постелнината треба да биде квалитетна, изработена од памук, лен или мешавина од двете. Свилата и сатенот се за простаци и вообразени плејбојци“, вели Хенсон и нема што да додадеме на тоа. А потоа ја прошири листата:
Плишани кукли
Мислите дека е навистина слатко што сè уште ги чувате вашите спомени во форма на плишани животни? Хенсон не се согласува и вели дека врвот на невкусот е кога едно од тие животни држи срце, цвеќиња и изјави на љубов во шепите.
Огромни огледала
Огромните огледала на необични места се вулгарни. Тие врескаат дека сте нарцис и многу повеќе. Сè уште не е родена личност која поставила огледала на таванот во спалната соба, и која навистина изгледа добро како што мислат. Всушност, колку е поголемо огледалото, толку човекот обично е погрден – тврди овој експерт, а пишува магазинот Жена.
Стаклен мебел
„Одржувањето на таков мебел е толкава мака што не вреди ниту да се размислува за него, а камоли да се купи. Впрочем, таков мебел е резервиран само за пониската класа. Само даб или махагони", советува експертот.
Еден куп перници
„Очигледно е дека некогаш сте си дозволиле одмор во Дубаи, па сте полни со впечатоци. Да ја скратам приказната, колку повеќе перници имате, толку сте помизерни“, заклучил на крајот.
Фото: freepik