Овие утрински навики ќе ви го променат животот на подобро: Ако не сте задоволни со себе, веднаш почнете да ги применувате
Велат: „Денот по утрото се познава“
Ако се чувствувате уморни, овие утрински навики можат да ве поттикнат да се чувствувате побудни и подготвени за предизвиците на денот што претстои.
Започнете го денот со јога поза
Придвижувањето на вашето тело веднаш штом ќе станете, тоа ќе ја забрза циркулацијата на крвта и ќе ви помогне да се разбудите. Најдобрите јога пози се оние во кои се наведнувате, така што крвта веднаш по будењето ви оди во главата.
Додадете малку свежина во вашиот туш
Не мора да се откажете од туширањето со топла вода, но се препорачува на самиот крај да се разладите со млаз ладна вода од 15 до 60 секунди. Покрај будењето, ладниот туш ја намалува и напнатоста на мускулите.
Јадете енергичен појадок
Наместо јајца и сланина за појадок, пробајте јајца со урда и лути пиперки или сенф.
Појадокот богат со протеини не го зголемува шеќерот во крвта и помага во одржувањето на нивото на енергија стабилно, спречувајќи го подоцнежниот попладневен пад.
Размислувајте позитивно
Променете го вашиот начин на размислување со некои позитивни утрински навики кои го подигнуваат вашето расположение.
Носете светла облека што прави да се чувствувате добро. Додека се облекувате, пуштете музика што ви го подигнува расположението.
Запишете ги вашите планови за тој ден
Запишете една работа што сакате да ја завршите, или збор што ќе ве мотивира денес, или дури една работа што ја сакате кај себе.
Зачувајте го тоа како позадина на екранот на вашиот телефон или ставете го на Инстаграм приказна како јавна обврска.
Фото: unsplash
Извор: еспресо