Овој татко направил фатална грешка: Го оставил девојчето (2) во кола на 42 степени, ја нашол мртва

Добивај вести на Viber

Родители, ова нека ви биде потсетник, што може да се случи ако истото го направите на овие пеколни температури ....

Двегодишно девојче починало во врелиот автомобил пред нејзиниот дом, откако го оставиле таму најмалку 30 минути на температура од 42 степени.

Нејзиниот татко, Крис Шолтес (37) ѝ рекол на полицијата дека влегол во домот во Аризона, оставајќи ги автомобилот и клима уредот да работат. Но, кога се вратил, го затекнал автомобилот исклучен, а неговата ќерка Паркер Шолтес не реагирала и веднаш повикал 911, пренесува Дејлимеил.

Детето веднаш било пренесено во болница каде е констатирана смрт, соопшти полицијата.

Паркер е родена на крајот на октомври 2021 година, а за неколку недели требаше да оди на првото патување во Дизниленд со своите родители и двете постари сестри.

Полицискиот командир рекол дека многу детали за смртта сè уште се под истрага -- вклучително и дали станува збор за несреќа.

- Не ги знаеме околностите, се обидуваме да дознаеме. Земаме изјави и се обидуваме да утврдиме дали се работи за грешка - рече тој и додаде дека не е јасно колку точно детето било во автомобилот и колку време биле исклучени автомобилот и климата.

- Го оставил детето во автомобилот. Колата работела, климата работела. Се обидуваме да утврдиме колку време бил во куќата, во колку часот можеби се исклучил автомобилот или клима уредот престанал да работи - рече тој.



Извор: Дејлимеил.

Фото: Фејсбук