Овој тип на неверство крши најмногу срца!

Добивај вести на Viber

Секое неверство е ужасно, болно, грдо и непожелно. Никој не вреди помалку, иако постојат различни степени на негативност во ова прашање. Иако не постои оправдување за никој, се уште има неверства кои влијаат повеќе и оние кои влијаат помалку. И кога се работи за мажи и жени, резултатите се сосема спротивни.

Додека некои веруваат дека емоционалното неверство не мора да води до прекинување на врската, некои го сметаат за најлошо, бидејќи се работи за - емоции. Физичкото неверство е на спротивната страна, и обично се сведува на секс и страст.

Ако верувате во студијата објавена во Архивата на сексуалното однесување, жените и мажите реагираат сосема поинаку на различни степени на неверство. Една студија која опфати дури 64.000 испитаници покажа дека жените се најранливи на емоционално неверство, додека мажите најмногу на физичко. Објаснување? Веројатно затоа што на нас жените емоциите ни се поважни отколку на мажите, а сексот е поважен од емоциите за мажите.