Оздравела од коронавирус за 12 дена: Ги опиша нејзините симптоми

Добивај вести на Viber

29-годишна, спортска масажерка Каелин Шеди од Тампа, Флорида, на Инстаграм сподели дека прележала скоро две недели изолирање и оздравела од коронавирус, а сподели и кои биле нејзините симптоми од ден еден. 
Таа вели дека фатила коронавирус кога била во Италија во февруари и открива дека е целосно закрепната.

За време на болеста, имала треска и температура до 39.4, болка во мускулите и грлото, ги предупреди луѓето сериозно да ја сфатат пандемијата на коронавирус и доколку е потребно да се изолираат.
Шеди верува дека се заразила за време на посетата на Милано и вели дека почнала да доживува симптоми два дена подоцна. При враќањето на летот од Париз, нејзините симптоми се влошиле кога пристигнала во Њујорк.
Имала болки во грлото во првите неколку дена поради сува кашлица, чувствувала болки во мускулите.. Таа вели дека зела ибупрофен, но не верува дека тоа и помогнало, но вели дека се потпирала на детоксикација и го зајакнувала нејзиниот имунолошки систем. Таа рече дека јадела „чиста, здрава храна“ за да го зајакне имунитетот.
Откако била дијагностицирана со КОВИД-19, Шеиди „никогаш не видела лекар “лице в лице“, туку разговарала со лекар од Флорида и биолошки научник секој ден преку Скајп или телефон.
„Јас ја направив целата изолација и карантин во мојот дом“, напиша таа на Инстаграм. Сега вели дека жали што им било дозволено да летаат кон Флорида затоа што стравува дека заразила други, а особено се грижи за ранливите групи.

Таа додаде дека нејзините пријатели оставале храна пред нејзината врата, а нејзината сестра со која живеела се преселила, откако биле тестирана - негативна на вирусот.
Шеди пред на Инстаграм објави дека целосно се опоравила од болеста, а тестовите по Ден 12 и 14 ден биле негативни за КОВИД-19.
Сега сугерира луѓето да ги следат упатствата и советите на експертите.
Нејзините симптоми:
Ден 1: Температура 38,8 - 39,4, сува кашлица, замор
Ден 2: Температура 38,8 - 39,4, сува кашлица, замор
Ден 3: Нема температура, влажна кашлица, скратен здив, растечен нос
Ден 4: Влажна кашлица, зелено / жолто празнење, скратен здив
Ден 5 - 7: Влажна кашлица (поагресивна), останување без здив
Ден 8 и 9: Влажна кашлица, жолта крвава слуз (траеше само два дена)
Ден 10 и 11: Сува кашлица, густа слуз (веднаш наутро), физички 100% добра
Ден 12: Нема симптоми, прв негативен тест
Ден 13: Нема симптоми
Ден 14: Нема симптоми, втор негативен тест

Линк до видеото на Шеди.