ОЗЕМПИК, ЖРТВА НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Нема ниту за пациентите со дијабетес, ниту за оние кои сакаат да ослабат

Добивај вести на Viber

Регионот, Европа, и светот воопшто се вљубија во Оземпик и во Вегови. Побарувачката за овие лекови беше толку интензивна во изминатиот период што сега има глобален недостиг, заради што регулаторите ги предупредуваат луѓето да не купуваат лажни онлајн. Недостигот на снабдување, исто така, предизвика конфликти и контроверзии за тоа кој треба да ги прима овие лекови за инјектирање.

Двата лека, произведени од данската компанија Новонордиск, се идентични, освен што се испорачуваат во различни големини на дозите и секако имаат посебна намена кај одделни пациенти. Ozempic е одобрен за третман на дијабетес тип 2, додека Wegovy е наменет за лекување на дебелината кај возрасните.

-Рапидно зголемената побарувачка на Оземпик, кој се препишува за пациенти со дијабетес, но исто така огромен број луѓе го користатза намалување на тежината, несомнено го предизвика недостигот. На производството на овој лек Новонордиск сега работи 24 часа. Наменет е за пациенти со дијабетес тип 2 и секако има кардиопревентивна улога. Кај нас лекот се дава под строга контрола, единствено на само ограничен број на пациенти со ова заболување. Но, злоупотребата на Оземпик, ширум светот, посебно во земји каде што слободно може да се купи, направи огромна пресија врз компанијата и сега проблемот е глобален, велат од Новонордиск.

Целата вест прочитајте ја на Фактор.