Животна училница // Приказни
Па дали е можно? Крадци му ги украдоа парите (неофицијално 50.000 евра) за лекување на Леонид Индов
- 09 Ноември, 2023
Kрадци одзеле пари собрани од донации за лекување на момче. Леонид Индов, 18-годишното момче од Скопје за кое неколку месеци наназад се собираа донации за лекување, останал без значителна сума, откако крадци влегле во неговиот семеен дом и го ограбиле.
Од МВР откриваат дека настанот се случил минатиот месец, на 18-ти, но нема податоци за точната сума на пари која била украдена.
Истиот ден, на 18-ти, Б.И. пријавил во полиција дека во периодот од 11.30 до 14.50 часот со подесен предмет е влезено во нивниот дом во Аеродром и се одземени пари и други предмети. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.