Памела ти ли си? Популарната актерка успеа да го измами цел свет со само една трансформација-која е оваа плавуша?

Актерите Лили  Xејмс и Себастијан Стен, за новата серија „Пем и Томи“, се трансформираа во познат пар од 90-тите години, Памела Андерсон и Томи Ли, а шминкерите завршија толку добра работа што малкумина би се сомневале дека не e познатата Памела Андерсон.

Хулу ги објави првите слики на Лили Џејмс и Себастијан Стен, маскирани во поранешна двојка која ги полнеше колумните на весниците во 90-тите со бројни скандали и љубовни врски.

На прв поглед, малкумина би се посомневале дека фотографијата не е за позната русокоса која се прослави со улогата на спасител во серијата „Чувари на плажата“ и непослушниот рокер, тапанарот на групата „Мотли Кру“.

View this post on Instagram

A post shared by Sebastian Stan (@imsebastianstan)



„Моите колеги, Себастијан и Лили, се многу покул од мене. #PamandTommy ', објави на Твитер Сет Роген, кој го игра Ренд Гатиер во серијата, човекот кој го украде и продаде нивниот познат домашен филм.

Роген е извршен продуцент заедно со креативниот партнер Иан Голдберг.

Британската актерка Лили Џејмс сподели нови слики од серијата на својот Инстаграм со цитат од Памела Андерсон: „Одлично е да се биде русокоса. Многу е лесно да ги изненадите луѓето кога имаат мали очекувања“.

Себастијан Стен исто така објави на социјалните мрежи да му оддаде почит на Томи Ли, споделувајќи фотографија од него во костум со цитат од рокерот: ‘Ние не престануваме да играме затоа што старееме, старееме затоа што престануваме да играме.

View this post on Instagram

A post shared by Lily James (@lilyjamesofficial)