Панчо и Андреј: Даниела е нашата хероина, помогнете и вие

Добивај вести на Viber

Панчо и Андреј од популарното дуо ДНК денес беа во Крива Паланка на гости кај 34-годишната Даниела, мајката за која медиумите пишуваа дека ги лажела своите две ќерки дека јадела кај соседите за да има повеќе за нив. 

„Нивната куќа личи на се освен на дом. Ведра и со топла насмевка и измачена од животот нѐ пречекаа како секоја добра домаќинка и не угости како што е редот. Преку нас ве замолува сите вас добри луѓе кои сте во можност да ѝ излезете во пресрет, бидејќи се наближува зимата за која вели дека е најголем „непријател“ под овие услови во кои моментално се наоѓаат. За целата ситуација да е уште потешка, сопругот е тешко болен и оневозможен да и помогне. Она е и мајка и татко“ - велат Панчо и Андреј. 

Сите хумани луѓе кои сакаат да ѝ помогнат на оваа храбра жена и нејзината фамилија може да ја контактираат на телефонскиот број 078/ 576 306.