Паника во училиштата, родители земаат деца, Филипче најавува нови мерки
Паника почна да се шири меѓу родителите во училиштата. Дел од родителите по социјалните мрежи веќе бараат да прекине наставата во училиштата, и пишуваат пораки во стилот „ајде да си ги земеме децата од училиште“.
Некои родители утрово, откако ги однеле децата на училиште, наводно веќе тргнале да ги земат оттаму.
Тоа го мислат и некои од наставниците и професорите, кои упатуваат пораки до власта и до министерот за здравство Вeнко Филипче, дека можеби е време да се затворат училиштата.
Паниката од коронавирусот во земјава дополнително се загреа откако се дозна дека директорката на Кожна клиника која работела таму, е позитивна на овој вирус.
Три деца од едно основно училиште, „Владо Тасевски“ во скопската населба Тафталиџе, општина Карпош, веќе се во самоизолација.
Фактор побара став од директорката на ова основно училиште, но таа ни изјави дека во училиштето состојбата се држи под контрола, а дека сите информации во врска со ова прашање ќе се даваат преку Општина Карпош.
Деталите на Фактор.мк