Паниката меѓу Швеѓаните ја носиме ние доселениците, тие функционираат нормално: Македонка од Шведска за ситуацијата со коронавирусот

Добивај вести на Viber

Во време на пандемија на коронавирус, во Шведска, премиерот Стефан Лафвен и Агенцијата за јавно здравје на Шведска го задржаа агресивното законодавство. Неговата влада сè уште дозволува собири на до 500 луѓе на исто место, додека рестораните и баровите остануваат отворени според построгите правила за хигиена. Студентите од универзитетите се испратени дома, но училиштата се отворени за децата.

- Стратегијата во Шведска е да се фокусира на социјалното дистанцирање меѓу познатите ризични групи, како старите лица. Ние се обидуваме да користиме мерења засновани врз докази. Следејќи ја таа логика, нема причина да се затворат училиштата, истакна таа. Студиите покажуваат дека децата многу брзо го шират грипот, но тоа не е случај со КОВИД-19. Од друга страна, децата кои се во домот и имаат потреба од грижа 24/7 може да се дружат повеќе со граѓаните од ранливите сегменти. Како што се нивните баби и дедовци- изјави Ема Франс, доктор по епидемиологија на Институтот Каролинска.

До денес Шведска, која брои околу 10 милиони жители, има 2893 случаи на коронавирус, од кои 77 починаа, а 16 се излечени.

- Швеѓаните живеат речиси сосема нормално, совесно почитувајќи ги превентивните мерки. Сепак, паниката меѓу нив ја создаваме ние, доселениците- вели нашата соговорничка А.И. од Еслов, градче блиску Малме.

Таа вели дека сѐ функционира нормално, го носи секојдневно синот во градинка, но сепак не може да каже дека не е воопшто исплашена, со оглед на целата ситуација во светот, но одржувањето на основната хигиена прави да се чувствува посигурно.

-Шведска се обидува да го задржи својот систем до некое нормално ниво. Училишта и градинките работат. Луѓето секојдневно одат на работа, освен оние кои се во можност да работат од дома. Трговските центри и маркетите исто така. Јавниот превоз функционира без застој. Дозволени се јавни настани и собири.

Но, за се ова постои препораки, но не и забрани.

На прашањето како таа и нејзиното семејство функционираат во ваква ситуација, нашата соговорничка сепак вели дека внимава повеќе од вообичаено.

- Покрај секојдневните обврски, мислам, дека човек не може да се изолира целосно. Задолжителна изолација се препорачува, нели, на лицата и со најблаги симптоми, оние што патувале и заштита на највисоко ниво на оние кои имаат контакт со голем број на луѓе во текот на денот. Лично јас, ги избегнувам големите собири, јавните настани, големите трговски центри, но сепак, пешачам, одам на прошетка во парк и пазарам основни намирници во маркетите- раскажува таа за Женски Магазин.

Филозофијата на Шведска е дека е тешко е да се задржи светот затворен, сè додека не ја имаме вакцината за околу 18 месеци. Тие велат дека се обидуваат да го прилагодат секојдневниот живот. Прашањето е дали шведскиот план ќе биде поуспешен од оној „нормалниот“ што го практикуваат сите останати земји, па дури и нивниот најблизок и најсличен сосед, Данска?

Д.Караташова