Папаз во Сараево пречекан со голем аплауз за модната ревија од лимитираната колекција Три
Македонскиот моден дизајнер Папаз предизвика
големо внимание во Сараево со неговата луксузна и префинета лимитирана колеција
насловена како Три. Колекцијата е симбиоза на стилови од западни и источни
култури, претопени во модна силуета адаптирана на нашето поднебје. Изобилува со
елеганција и носливост, вбројува блузони и капути со кимоно и ранглан ракави,
здолништа и панталони во широк крој и вечерни фустани.
Папаз на покана од креативниот директор Аднан Хјрулаховиќ беше дел од големиот проект Europa Fashion Passport наменет за 30 модни дизајнери и нивно вмрежување на земјите од централна и источна Европа.
„За мене ова беше еден чекор понапред да се биде дел од еден ваков голем проект. Мојата ревија беше на отворањето на настанот која навистина беше одлично прифатена од публиката. Овие неколку дена освен што се претставував себеси, имавме можност заедно со асистентот да проследиме обуки и работилници, да присуствуваме на покани од амбасади и да го почувствуваме есенскиот шмек на Сараево“ изјави Папаз.
Папаз за новата колекција есен-зима ‘19/’20 подготви и мултимедијален проект со фотографии и со креативно видео во кое земаа учество интересни и различен тип на жени од општеството, за кои наскоро ќе има премиера на неговите социјални медиуми.
„Конечно нешто по различно направивме. Искрено имам наплив на голема инспирација која ја преточив во новата колекција насловена како Три. Колекцијата е наменета за жени кои сакаат да бидат моќни и доминантни, кои на фотосесијата и видеото токму тоа го прикажуваме, во кои се вклучени и дел од моите музи“ додаде Папаз.
Папаз следната година го очекуваат нови ревии и претставувања во други земји во Европа.