Патување? Реновирање? Нов велосипед? – Оствари го посакуваното со потрошувачкиот кредит на Халкбанк

Добивај вести на Viber

Сакате да отпатувате некаде или да смените некои работи во станот. Можеби сакате да купите возило или убав велосипед. А немате доволно средства. Вистинско решение е потрошувачкиот кредит со животно осигурување и осигурување од незгода од Халкбанк АД Скопје со кој можете веднаш да ги остварите вашите желби и полесно да ја испланирате својата иднина. Рокот на отплата е до 10 години, максималниот износ кој можете да го добиете е до 1.500.000 денари.

Овој кредит е со исклучително поволни услови - со каматна стапка од 5% фиксна за првата година, 5,5% фиксна за втората година, за останатиот период е варијабилна (5,25 пп + референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментов изнесува 1,25%) и со ниска стапка на вкупни трошоци (СВТ). Висината на СВТ инаку зависи од износот на кредитот, рокот за негово враќање, износот на трошоците вклучени во пресметката, висината на договорната каматна стапка и износот на полисата за животно осигурување и полисата од незгода.

Кај овој производ провизијата за обработка е 0%, а провизија не е предвидена ниту за предвремена отплата на кредитот. Единствен трошок се 150 денари за апликација и 350 денари за проверка во Кредитно биро кои се наплаќаат само за одобрен кредит и тоа пред исплата на одобрените средства.

Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк е ненаменски и може да се користи за најразлични потреби, како и за рефинансирање постојни кредити во други банки. Токму затоа, исполнете ги сите ваши желби и потреби лесно и едноставно со потрошувачкиот кредит од Халкбанк.

ПР објава