Павле Богоевски создава спомени на крајот на од летото: Сонцето го држи во раце

Добивај вести на Viber

Поранешниот независен пратеник и граѓански активист Павле Богоевски ги користи последните септемвриски денови за одмор.

Создава спомени за цел живот, држејќи го во раце најубавиот, и највредниот подарок кој животот може да му го подари на скеој родител, детето.

„Создавајќи спомени“ - напиша Павле постирајќи фотографија како го држи во раце неговото најголемо сонце.


Павле е во брак со Александра со која стапи во брак во септември 2022. 

Двојката направи веселба за паметење во Вила „Ина“ која се наоѓа на Скопско Водно. 

Невестата носеше нежна венчаница- горе како корсет, и целосно припиена за телото со додадени интересни малечки светкави детали, додека пак младоженецот избра класичен смокинг со лептир-машна.

Богоевски беше еден од предводниците на протестното движење „Шарена револуција“ кое бараше поништување на аболициите кои претседателот Ѓорге Иванов во 2016 ги дал на 56 лица опфатени во истрагите на Специјалното јавно обвинителство. Богоевски беше обвинет за фрлање боја врз фасадата на министерството за култура за време на протестите од 18 април, но судските рочишта повеќепати се одлагаа бидејќи обвинителството не пресметало колкава материјална штета била предизвикана.


ФОТО: Фејсбук официјален профил Павле Богоевски