Пејачката Мараја Кери прими вакцина против ковид-19 и го насмеа целиот свет (ВИДЕО)

За да ги охрабри своите обожаватели ширум светот да се вакцинираат во борбата против вирусот Ковид-19, музичката дива Мараја Кери одлучи да документира како и кога ќе ја прими првата доза на вакцината.

На видеото објавено на Инстаграм, 52-годишната пејачка се обиде да ги пренесе своите чувства пред медицинскиот персонал поради примањето на првата доза на вакцината, а откако инекцијата и проникна во раката, се појави првиот „несакан ефект“ .

Нервозна и исплашена, пејачката го испушти високиот крик. „Несакан ефект на вакцината - G6“, напиша музичката дива до видеото.


Со своето видео во стилот на вистинска поп дива, таа успеа да насмее многу фанови, но и познати личности од холивудската и музичката индустрија.


Фото и Видео: Инстаграм/Мараја Кери