Пејачката од соседството без предрасуди: За инает се соблекувам (ФОТО)

Добивај вести на Viber

- Јас сум вечен борец за правдата на луѓето и заштитата на животните, растенијата и на целата планета, вели контроверзната Данијела Стојковиќ Дени, пејачка, комичарка, манекенка и забавувачка од Смедерево.


- Не се плашам од ниедна работа. Јас сум многу снаодливa и знам како во денешно време да преживеам на чесен начин. Што се однесува до пеењето и глумата, можам да кажам дека гi наследив од татко ми. Со музика се занимавам од својата дванаесетта година. Освоив прво место на различни музички натпревари. Точно, имаше и разочарувања како моето учество во „Ѕвездите на Гранд“. Професионалниот ангажман поврзан со снимањето на албумот ми помина неславно. На самиот старт ме ограбија и од моите пари вложени во тој проект други си купија автомобили. Зад мене се песните „Икон“, „Голем шеф“, „Татко и мајка“... На телевизија „Пинк“ јас со ќерка ми и татко ми бевме во финалето на проектот во кој настапивме како стенд ап комичари.

Дали е полесно да работите сами на сцената или да имате добар тим зад себе?

- Не сакам голем тим околу мене. Доволен е еден квалитетен музичар кој знае да ме придружува во сите жанрови на музика. Тешко е да се најдат вистинските соработници, добар бенд. Ако сакате да работите со некого, обично бара да спиете со него или со некој од бендот. Во спротивно, нема што да се прави. Затоа седат дома оние што знаат да пеат, а оние што не знаат да се „убиваат“ од работа.


Медиумите и работата што ја работите?

- Што да кажам, а да не навредам никого? Можеш да бидеш најдобар пејач, да пееш како Павароти, но ако не почнеш да се соблекуваш или да правиш будалаштини, ќе пропаднеш и ти и твојата кариера. Знам да се шегувам и да ги забавувам луѓето, но во исто време сум и квалитетен пејач. Можам да работам каква работа сакам. Покрај пеењето знаев да работам и како келнерка. Не се срамам да работам никаква работа за да преживеам. Сепак, никогаш не сум крадела од никого. Никогаш не би направила такво нешто, дури и да умрам од глад. Денес луѓето повеќе се грижат за тоа како изгледате отколку како пеете. Ме навредува и ми е тешко затоа што музиката се уништува, а талентот се девалвира. Разголувањето само денес и помага на вашата кариера. Го туркам мојот имиџ и тоа на мој, автентичен начин. Од пред неколку години намерно се соблекувам, се пожувам природно со сите стриии, целулит и влакна, а најмногу го правам тоа поради старлети и силикони. Тоа го правам за инает, затоа што секоја девојка која денес ќе излезе од реалното шоу со своите силикони, снима песни и станува „ѕвезда“. На многумина им пречам затоа што изгледам поубаво и поубава риба со моите убавини кои мајката природа ми ги подари од натификуваните „убавици“ двојно постари од мене.

На кому му е полесно на естрадата- на мажите или жените?

- На жените им е малку полесно. Фаќаат бугимен или спонзор, спијат со него и нивните кариери наеднаш полетуваат. Два-три килограми силикон, мрдачки задници и обично на такво нешто паѓа некој Сом кој го плаќа сето тоа, вели Данијела Стојковиќ .

Извор: Експрес

Фото. ФБ