Пејачката Туна ужива во егзотичниот Занзибар: Нејзиниот костим за капење навестува што ќе се носи оваа лето

Добивај вести на Viber

Пејачката Туна Сејдиу, која се прослави со музичкото шоу „Плеј- потрага по ѕвездите“ ужива на зимски одмор на егзотичниот Занзибар.

На фотките кои пејаката ги сподели на својот Инстаграм профил, таа носи шик плетен костим за капење, во повеќе бои, а врз костимот носи плетена наметка која наликува на фустан. Целиот изглед за на базен Туна го комплетирала со сламен шешир и големи наочари за сонце.

Според познавачите на мода, моделот на костим за капење кој го носи Туна ќе биде тренд број еден оваа лето.

Инаку, Туна е посветена мајка на синовите Тиан и Зен, кои ги има од бракот со Патрис Бериша. 


Фото: Инстаграм - Туна Сејди

По светски терк: Туна Сејдиу со трансформација која „боде очи“