Животна училница // Приказни
Пензиониран 85 годишен лекар во Италија се врати на работа
Осумдесет и пет годишен пензиониран лекар во Италија, ги прекина своите пензионерски денови за да им помага на пациентите кои се борат со коронавирусот.
На инстаграм се споделува слика од него и неговите зборови за стравот од заболување од КОВИД-19.
„ Др. Џиампиеро Џирон, ги прекина своите пензионерски денови на 85 годишна возраст за да помага во борбата против КОВИД-19, и се врати на работа за да помага во лечењето на пациенти во Италија. „ Ме прашаа дали можам, и јас реков да. Кога одлучуваш да бидеш лекар, ти си вмешан. Се заколнав да помагам, да лекувам. Дали се плашам дали ќе се разболам? Ако се плашите, тогаш е подобро да не бидете лекар“
ГО ПРЕЖИВЕАЛ И ШПАНСКИОТ ГРИП, А СЕГА И КОВИД-19, 101 годишен старец од Римини пуштен од болница