Перо Антиќ со демант: Не сум со Цеца, си имам нова љубов, македонско девојче

Добивај вести на Viber

Со месеци низ кулоарите кружеше веста дека поранешниот Македонски кошаркар Перо Антиќ наводно е во врска со балканската дива Светлана Цеца Ражнатовиќ, но никој не успеа да ги види заедно, па приказната стивна, се додека честите патувања во Белград, повторно не ги подгреаа шпекулациите. 

По ова се огласи и Перо со следна изјава:

Абе тоа се секти, кои измислуваат приказни, а јас сум си среќно заљубен со друга личност и нека не  ме мешаат со други за ефтини кликови на интернет. Нема врска. Зашто Скопје е станато како „мртво море“, како што вели Цеца во песната? Ете затоа. Од рекла – казала приказни. Место да се гледат поголеми вредности, се измислуваат приказни. И затоа пропаѓа градот, да не кажам државата. Од такви нелуѓе. Интимен живот не споделувам. Нека си шпекулираат. Само ќе кажам мојата нова љубов е македонско девојче. А со Цеца се знам, да. Се имам запознаено на еден хепенинг,  но тоа нема врска од овие глупости за кликови. Приказни кои ги измислуваат секти, изјави Перо.

Фото:instagram/peroantic