Перо Камиказа извозе трка во Маврово со солзи во душата, бидејќи утрото дознал дека починала сестра му: „Златниот медал ѝ го посветувам на Мирјанка“

Добивај вести на Viber

Фронтменот на групата „Меморија“, Перо Камиказа објави тажна вест за неговото семејство.

На 8-ми септември почина неговата сестра, Мирјанка.

Перо истиот тој ден учествувал на трка во Маврово каде освоил златен медал која воедно и ја посвети на неговата сестра.

„Во 4 часот утрото на 8-ми септември, во болницата 8-ми септември, почина сестра ми! Јас стигнат во Маврово на 8-ми септември, за трката! Ја извозев со солзи во душата. Златната медала и ја посветувам на сестра ми, со сето срце и душа. Фалиш Мирјанка. Под насмевката, болка, под болката немир, но животот оди понатаму! Уште еднаш, почивај во мир Мирјанка“, напиша Перо.


Претходно Перо ја објави тажната вест со емотивни зборови кои ги посвети на неговата прерано почината сестра по кратко боледување.

„Од неа научив еден куп работи, кој ја красат мојата личност и се основен белег на моето постоење! Го разбуди поетот во мене, секогаш беше праведен критичар на сè што правев низ годините! Тивка, ненаметлива и со многу љубов до последниот здив, беше мојата и ваша Мирјанка“, е дел од емотивната посвета на Камиказа.


Фото: Фејсбук