Пет реченици кои децата не сакаат да ги слушнат од родителите

За секое дете, родителите се тие кои знаат сѐ. Но и родителите забораваат дека нивното однесување и повторување на едни исти реченици влијаат на формирањето на неговиот карактер. За време на разговорот со детето, советуваат психолозите, постојат пет реченици кои треба да се избегнуваат ако сакаме нашите деца да се развијат во силни личности. Сетете се, и ние некогаш сме биле деца и не сме ги сакале токму овие реченици:

1. Кога бев на твои години, без одличен ученик

Во реченицата „Јас секогаш бев одличен ученик“, детето гледа конкуренција. Децата кои често ја слушаат ова реченица, во текот на животот се обидуваат да се докажат во семејството. Од една страна, можеби тоа е добро, но детето нема да се труди да стане успешно поради себе, туку поради вас. 

2. Не те сакам кога не си добар

По оваа реченица, детето може да даде сѐ од себе за да делува правилно. Но, исто така ги спречува своите потреби и желби да ги исполни очекувањата на другите. Тоа им одговара на родителите, но на крајот идентитетот на детето останува скриен. Кога ќе порасне, детето продолжува да ги задоволи сите и живее со мислата: Сакам сите да ме сакаат, па морам да го правам она што другите го сакаат. Немам свои желби затоа што постојат желбите на другите.   

3. Сите други имаат петки, а ти имаш лоши оценки

Родителите го сакаат најдоброто за своето дете. Но, споредбите се болни за секое дете, и вистина е непријатно кога ќе ги споредите со другите. Оваа реченица никогаш нема да  ги поттикне децата да станат подобри ученици, а уште помалку личности од доверба.

4. Немој да ме срамиш

Поради оваа реченица, детето почнува да ги развива комплексите. Мисли дека е срамота не само за мајката и за таткото, туку и за околината. Децата сакаат внимание, но не знаат што да прават кога ќе го добијат. Никогаш не си дозволувајте да му кажете на детето дека се срамите од него.

5. Не сакам да те видам ниту да те слушнам

Детето кое ќе ги слушне овие зборови, живее со грижа на совест. Бидете внимателни со изјавите од овој вид. 

Треба сосема да заборавите на овие пет реченици ако не сакате вашето дете да си создава комплекси. Разговарајте со децата за нивните добри карактеристики и за тоа колку сте горди на нив. На тој начин, тие ќе го дадат најдоброто од себе.