ПЕТ СТИЛСКИ ПРАВИЛА од познатиот Мајкл Корс кои секоја жена треба да ги усвои
Мајкл Корс е моден дизајнер чија филозофија е многу јасна и се базира на „принцип од 360 степени“.
„Соодветна фризура, шминка, парфем, се кажува посебна приказна и се работи заедно во иста симбиоза“, го објаснува ставот Корс. Неговото набљудување на начинот на кој козметичките производи и акцесоари делуваат на изгледот на жената е повеќе од интересен, пред се затоа што е целосно точен.
*Размислувате за својата тоалетна чанта како за светото тројство
Мајкл Корс девојката секогаш сака да изгледа свежо, и секогаш во својата чанта има бронзер -кој прави да изгледа здраво, како и квалитетно руменило во неутрален тон. Исто така тука е задолжителен парфем - тој е нејзин своевиден потпис, тој влијае на нејзиното расположение. Ова се нејзини три есенцијални состојки кои секогаш ги носи со себе, без разлика на тоа дали оди во теретана, на работа или во град.
*Носете парфем секаде
Мојата девојка не се плаши да биде константно намирисана. Не е една од оние која ќе стави парфем во брзање пред да излезе од дома. Ќе си игра со него (зависно од ситуацијата секако). Доволно е мудра да знае како тоа е еден од најдобрите акцесоари кој може да го понесе. Доколку оди во теретана ќе нанесе парфем во пределот зад колената, а доколку оди на состанок или во клуб, ќе стави парфем на сите пулсни точки. Таа не е срамежлива.
*Мислам дека постои нешто посебно во врска со благо размачкана шминка околу очи. Ја сакам идејата за остатоците на шминка во овој предел на лицето, кога линијата на ајлајнерот е благо размачкана. Затоа мислам дека жените не треба да ја поправаат шминката на секои два часа. Нанесете ја наутро и едноставно повеќе не поправајте ја до крај на денот.
*Бидете минималист и максималист
Јин јанг правилото секогаш е присутно. Доколку имате впечатливо нашминкани очи, остатокот од лицето е неутрален. Ако сте се определиле за ефектна и силна боја на усните, очите се тие кои се неутрални. Мислам дека во мојата естетика секогаш е присутен токму тој баланс кој работите со мој потпис ги правел препознатливи. Можете да го понесете најекстравагантен пар панталони, но со едноставен џемпер.
*Имајте го на ум силниот ефект на ЗЛАТО
Златото е важна ставка во се што правам. Голем обожавател сум на трансформацијата и верувам во неа. Верувам дека вистинските бјути производи во пар со вистинските модни избори може да направат многу за вашата состојба на свест т.е. она како се чувствувате. Затоа е трансформатор. Доколку ставите малку златни нијанси на своето лице, тоа одеднаш буквално ќе засјае. Што може да направи златна обетка покрај вашето лице? Неверојатно. Исто така не мислам дека златото е резервирано само за вечера или за црвен килим. Дури и ако носите златни патики. Го сакам она што златните нијанси се во состојба да го направат. Оптимистично е, забавно и гламурозно. Сите изгледаат добро во злато.