ПЕТТА ТИТУЛА ПО РЕД ЗА МАКЕДОНИЈА НА ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ИЗБОР ЗА УБАВИНА: Андријана Илиоска стана Мис на Медитеранот

Добивај вести на Viber

Андријана ја освои титулата, во конкуренција на девојки од речиси сите држави од Медитеранот. Всушност имаше две победнички, со ист број на поени од жири комисијата, нашата Андријана и претставничката на Италија. Ова се случува за прв пат на овој избор

Андријана Илиоска ја освои титулата Мис на Медитеранот 2018, на интернационален избор за убавина кој се одржа во Киренија, Кипар.


Андријана е од Скопје, има 18 години, а во Кипар замина како членка на модното студио „Црнокрак“, носител на лиценцата за овој избор за Македонија.

Андријана со Мики Црнокрак од модното студио „Црнокрак“, носител на лиценцата за Мис на Медитеранот за Македонија

„Андријана ја освои титулата, во конкуренција на девојки од речиси сите држави од Медитеранот. Всушност имаше две победнички, со ист број на поени од жири комисијата, нашата Андријана и претставничката на Италија. Ова се случува за прв пат на овој избор, кој се одржува од 2004 година, две девојки да добијат ленти и круни за победа“, ни изјави Мики Црнокарк од модното студио „Црнокрак“.

Андријана ја освои титулата, во конкуренција на девојки од речиси сите држави од Медитеранот

Тој раскажува дека изборот се одржа во хотелот „Мерит Ројал Интернационал“, а е во организација „Аја продукција“ од Бејрут,Либан. Интересно е дека ова е петти пат како на овој интернационален избор за убавина победува девојка од „Модното студио Црнокрак.“

„На првиот избор кој се одржа пред 15 години во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати победи Маја Лазаровска. Последниве четири години по ред победи носат: Во 2015 година Симона Станковска, во 2016 Теодора Миљковиќ, лани Евгенија Ризова, и конечно оваа година Андријана Илиоска. Навистина успеси за респект!! Честитки“, вели Црнокрак и додава е горд на неговите соработнички.


Пред три недели, уште една нашата манекенка, членка на „Црнокак“, освои меѓународна титула. Симона Станковска во Истанбул стана „Мис Глобал Евроазија старс“.

Модното студио постои веќе 16 години, а го води брачната двојка Светлана и Мики Црнокрак.

М.Џаровска