ПИСМО ДО СИТЕ МАЖИ: Прегратката е посилна од стравот!

Жените никогаш не му биле потребни на светот повеќе од сега...

Пријателу мој, Бог ја одвоил светлината од темнината, а на жената ѝ дал моќи да ги раздвои добрите намери на мажот од злите мисли. Жената раѓа, жената создава со чувствата и никогаш претходно на овој свет не му требале толку многу оние вистински, божествени жени, како што му требаат сега.

Жената сакај ја или остави ја, ама знај дека во двата случаја таа создава и раѓа. 

Никогаш не ги жали нејзините очи ако во нив го откриеш страдањето заради осаменост. Тие длабоко во себе кријат општа љубов за својот партнер. Таквите очи ги спојуваат небото и земјата и ја отвораат тесната врата што води во рајот. Насмевни ѝ се среќно, од длабочината на својата душа. Почитувај го тоа што нејзините очи не можат да ги скријат огнот и водата кога телото ќе ѝ се навикне на твоите меки прсти.

Во желба да ја освоиш, не заборавај дека заведувањето е вистинска уметност и љубовна игра што започнува со насмевки, а завршува со погледи, па ти во нејзините очи ќе ја гледаш само неа, а таа во твоите ќе се гледа само себе. Ќе ти се предаде потполно во оној миг кога и без да те гледа, ќе види дека ти и со затворени очи ја гледаш само неа. Тогаш веќе не се двоуми. Прегрни ја толку силно, што ќе ги „здробиш“ сите никаквеци кои во изминатите години ја лажеле и изневерувале, ама и ја изградиле нејзината цврстина и храброст. Биди маж каков што таа заслужува.