,

Писмо од ненаспана мајка до соседите: Го оставаме бебето да плаче додека не заспие, молете се за мене

Интересно писмо од уморна и ненаспана мајка на четиримесечно бебе ги насмеа корисниците на социјалните мрежи.

„Здраво соседи,

Ние сме соседите од станот број 207, жал ни е што мораме да ве известиме дека започнавме да го учиме нашиот син како да заспива самостојно. После многу непроспиени ноќи, благодарение на кои ни се промени ритамот на спиење во текот на овие 4 месеци, решивме дека е време да започнеме со методот - да му дозволиме на бебето да плаче додека не заспие.

Ако слушнете плачење, ве молам молете се за мене и знајте дека и јас плачам и полудувам. Жал ми е за сите непријатности што може да ви ги предизвикаме, се надеваме дека нема да трае долго.

Почнуваме денес и сигурна сум дека ќе издржам три, четири дена. Ако не успее, ќе направам пауза една недела или две и ќе пробам повторно.

Ве молиме, бидете сигурни дека не го занемаруваме бебето, но јас ќе го оставам 45-60 минути да се обиде да се смири сам.

За тоа време, ќе доаѓам во неговата соба на секои 5-10 минути за да се осигурам дека сè е во ред. Ако започнете да не мразите заради ова, само тропнете на нашата врата на пријателски начин и јас ќе ви понудам чаша текила, за да ги поправиме нашите соседски односи.

Тоа е евтина текила, но ќе ви ги смири нервите, ја проверивме и докажано работи. Во секој случај, молете се за нас и зголемете ја јачината на звукот на телевизорот. Ако треба да позајмите млеко, шеќер, јајца, сето тоа го имаме. И текила исто така, само тропнете.

Вашите уморни соседи ви се извинуваат, семејство Вард.“

Сочувствуваме и со родителите и со соседите со деца.

извор:stil.kurir.rs