Во градот Киндгао во Кина граѓаните купуваат пиво во пластични кеси.
Продавачот, Ванг Цицаи, кој дневно продава од 8 до 13 туби пиво, вели дека жителите оддамна таму го купуваат омилениот пијалок во пластични кеси.
- Тоа е практично и многу лесно - објаснува Цицаи.
По купувањето на пиво, мештаните кесите ги носат дома, а потоа пивото го истураат во чаши и го пијат како и сите останати.
Постои уште еден начин да го испијат пивото од кесата, а тоа е кога ќе направат дупка од страна.